Русија ја лансираше ракетата Сојуз, но потоа изгубија контакт со неа

ракетата Сојуз

Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Русија денес ја лансираше ракетата Сојуз, но само по неколку часа изгубила секаков контакт со неа, пренесува SpaceNews.

Ракетата со сателитот е лансирана од космодромот Восточни, и била втора ракета лансирана од тоа место.

Сателитет со кој е изгубен контакт претставувал важен дел од планот. Се работи за метеоролошки сателит Метеор М2-1. Лансиран беше со цел да собира метеоролошки податоци во наредните 5 години за државната метеоролошка агенција.

Лансирањето на почетокот одело по планот, но само по неколку сати космичката корпорација Роскосмос соопшти дека не може да воспостави контакт со Метеор М2-1.