Роналдо погодува почесто од Меси сезонава!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона на Лионел Меси чекори самоуверено кон титулата во Шпанија со 17 бода пред Реал Мадрид, но Кристиано Роналдо има зошто да е среќен во својот вечен ривалитет со Аргентинецот.

Статистиките на сезоната покажуваат дека освојувачот на „Златната топка“ почесто постигнува голови од Меси. Кристиано има 26 гола од 29 натпревари на сите натпреварувања, односно во просек постигнува гол на секои 97 минути. Во исто време, лидерот на Барса има 27 гола во 37 меча, што во просек изнесува 115,6 мин.

Синоќа, Португалецот беше прецизен во победата на Реал Мадрид со 5:3 над Бетис, а Меси не постигна претходно при победата од 2:0 над Еибар.

Сепак, Лео ја има несреќата што води во рангирањето од почетокот на сезоната во Примера по погодени греди и пречки – 15.