Роналдо направи список на засилувања – дали Перез ќе го послуша!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Улогата на португалската ѕвезда, Кристиано Роналдо во Реал Мадрид е толку голема што тој составил листа со фудбалери кои смета дека клубот треба да го купи и му ја доставил на претседателот Флорентино Перез.

Роналдо сака во тимот нов голман, централен дефанзивец, офанзивен играч и напаѓач, откриваат шпанските медиуми.

За заменик на Кејлор Навас се наведени две имиња , Давид Де Геа од Манчестер Јунајтед и Тибо Куртуа од Челзи.

Роналдо сака и нов партнер на Серхио Рамос во центарот на одбраната, а во улогата на плејмејкер смета дека идеален би бил Бернардо Силва од Монако.

Најинтересно е кај напаѓачите, бидејќи на листата се наоѓаат четири имиња – Дембеле, Пјер-Емерик Обамејанг, Пауло Дибала и Килијан Мбапе.

Дали Перез ќе ги послуша советите на својата најголема ѕвезда, останува да видиме.