Роналдо блеска во 2018: Сам даде повеќе голови од 5 европски гиганти!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристиано Роналдо со четирите гола на мечот против Џирона сруши неколку рекорди.

Со првиот постигнат гол во 11-а минута Португалецот стана најефикасен стрелец во најдобрите пет лиги од почетокот на годината.

Роналдо во 2018 година веќе има постигнато 18 гола и тоа само на 13 натпревари. Од нив 15 се во Примера и 3 во Лигата на шампиони во двата меча против ПСЖ.

Со головите против Џирона, Роналдо стигна до 17 постигнати гола во Примара во 2018 година. Тоа е импресивен податок ако се знае дека исто толку голови постигнале гиганти како Милан и Арсенал, додека Португалецот сам е поефикасен од клубови како Манчестер Јунајтед, Бортмунд и Челзи.

Покрај тимската, Роналдо ја помина и поединечната конкуренција, па вкупно оваа сезона веќе има постигнато 37 гола, еден повеќе од Мохамед Салах (36) и два повеќе од Хари Кејн (35).