Рочиштето за „Поткуп“ повторно се одложи


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Судењето за случајот „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев, повторно се одложи, овојпат за на 25 декември.

Заев се појави во суд, но рочиштето е одложено бидејќи во тек е жалбената постапка за барањето за изземање на доказите.

На 27 ноември во Апелациониот суд треба да се одржи јавна седница на која одбраната ќе образложи зошто бара снимката од кабинетот на Заев додека беше градоначалник, а која се појави на Јутјуб да не биде доказ во постапката.

Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев, во вредност од 160 илјади евра за градежно земјиште во Струмица.