Ризикуваа живот за фотка: Тинејџери правеа селфи пред возот, а машиновозачот во последен момент успеа да застане!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Деца на возраст од 13 и 14 години се снимале на смартфонот додека им се приближувал теретен воз во рускиот далечен исток. Возот им се приближуаше со брзина од околу 70 км/ч. На снимката се слуша како возачот им дава звучни сигнали, но децата не се помрднаа од пругата.

Поради тоа тој беше присилен да ја користи сопирачката за хитни случаеви и потполно да го сопре возот. Се верува дека застанал на само „милиметар“ од местото каде што стоеле децата. На овој вид воз, некогаш му треба и еден километар за да застани, но среќа што машиновозачот имаше добра прегледност пред него.

Видеото подоцна полицијата го пронашла кај еден од тинејџерите. Случајот предизвика внимание во цела Русија, а деца се премали за да би сноселе било какви законски одговорности поради инцидентот. Наместо тоа, нивните родители ќе бидат парично казнети за неисполнување на соите родителски одговорности.

Инцидентот се случил околу 180 км од местото на транссибирската железница каде што дечко и девојка загинаа од воз додека снимаа селфи.

Видео: