Актуелно

Ристо без 36.000 евра: Ќе се поништи конкурсот на МРТ за субвенционирана музика


Помеѓу Министерството за култура и МРТ беше постигнат договор за поништување на одлуките кои претходно беа донесени од страна на јавниот сервис за субвенционирање на македонската музичка продукција. Одлуката била донесена вчера на состанок меѓу претставници од Министерството и МРТ.

„На состанокот заеднички беше констатирано дека актуелниот Законот за поддршка на домашната музичка продукција е тешко применлив и дека не ја исполнува функцијата за која е донесен. Исто така, констатирано е дека Македонската радио телевизија, по спроведениот надзор и по насоките дадени од страна на Министерството за култура ќе пристапи кон поништување на одлуките за избор и одлуките за неизбор по основ на Вториот и Третиот квартал од 2017 година“, стои во заедничкото соопштение.

Преставниците на Министерството за култура и МРТ, велат од таму, се договориле во иднина заеднички да ги координираат активностите во насока на поддршка и развој на домашната музичка продукција.

Според претходно донесените одлуки на МРТ на фолк-интерпретаторот Али Бајрам и на поп-изведувачите Авни Аљији и Дарио Панковски државата ќе требаше да им исплати по 9.000 евра за две песни. Сите тројца се рангирани во категоријата „ѕвезди“ каде финансиската поддршка е најголема и изнесува 4.500 евра за еден рефрен (3.000 евра за звучно снимање на песната и 1.500 евра за спот).

Како „врвен изведувач“ овојпат доминираѓе Александар Ристовски-Принц кој за три нови нумери ќе требаше да добие 9.000 евра. Поп-пејачот Ѓорѓи Крстевски беше рангиран како изведувач на народна музика. По 3.000 евра требаше да добијат Ристо Самарџиев, Кристијан Габроски и Бајрамаљи Идризи.

До сега од Буџетот се потрошени два милиони евра за создавање македонска музика.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top