Рипнале в море со еден и пол тон кокаин


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во меѓународна акција на пет јужноамерикански земји со помош на Интерпол и американската Агенција за борба против дрога (DEA) за запленети над 4,5 тони кокаин и се уапсени 15 лица, соопшти колумбиската полиција.

Кокаинот е запленет во Колумбија, Еквадор, Гватемала, Никарагва и Перу. Најголема количина е запленета во Гватемала, каде крајбрежната стража пресретнала два глисери, чиј екипаж скокнал во морето заедно со 1,5 тони кокаин. Притоа уапсени се три лица. Слична акција била спроведена и во Никарагва.

Колумбија е најголем светски производител на кокаин и на растението кока – во 2016 година со него биле засадени 146 илјади хектари плантажи. Според податоците на ОН, во земјата минатата година биле произведени 866 тони кокаин.