Резил: Се испотепаа за бесплатниот воз до Демир Капија, интервенираше и ЕБР (видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Возот на „Македонски железници“ кој вчера бесплатно превезуваше патници од Скопје за Демир Капија, поради манифестацијата Недела на традицијата Св.Трифун, предизвика турканици па дури и повредени патници. Откако толпа граѓани се обидуваа без ред да качат на бесплатниот воз за Демир Капија интервенираше и ЕБР за да ја смири ситуацијата.

Патници кои сакаа да бидат дел од демиркаписката забава реагираа на недоволната информираност од страна на македонски железници дека треба да се извадат бесплатни возни билети, а на станицата биле информирани дека билети нема, бидејќи претходно ги распределиле во повеќе претпријатија.

Од Македонски железници пак потенцираа дека возот има капацитет за 300 патници, но уште во текот на вчерашниот ден тие што биле заинтересирани добиле возни билети. Од таму соопштија дека  утрово за бесплатен возен билет се пријавиле дополнително уште 500 патници од кој најголем дел од нив се пензионери, кои не само што создале неред на железничката станица туку во обид за насилно да влезат се повредувале меѓу себе и луѓе од обезбедувањето, а интервенирала и полицијата и специјалната единицата за брзо распоредување.

Ваква гужва одамна не сум видел, да занев дека од вчера се продаваат билетитте немаше да дојдам овде е хаос луѓето буквално се туркаат и повредуваат да влезат во возот, ќе се вратам дома, изјави Душко Стојковски од Скопје.

Одлуката Македонски железници да испраќа бесплатен воз за манифестација ја осудија машиновозачите, според нив користењето на бесплатниот превоз како и нудењето на вчерашниот воз од Гевгелија во 17 часот доколку нема место во првиот воз, предизвикува доцнење на редовните линии и револт кај патниците.