Нобел

Револуционерна услуга од Google: Наскоро ќе праќате пари преку Gmail


Брзиот трансфер на пари е доста популарен меѓу корисниците на интернет услугите и апликациите. Една од најзастапените платформи, PayPal, нуди доста брзо, едноставно и лесно плаќање и примање на пари. Трансферот помеѓу две PayPal сметки е речиси моментален, додека патот од домашна банковна сметка е нешто подолг, но ретко се оддолжува на повеќе од ден или два.

Сега со своја таква услуга во доменот на трансфер на пари се наметнува и Google, преку својата поштенска платформа Gmail.

Оваа апликација за мобилни телефони, која својот животен пат го започна како електронска пошта за десктоп компјутери, дотурка далеку во светот на технолошкиот прогрес. Во неа, од неодамна, е интегрирана опцијата Google Wallet, па сега преку неа можете да правите и трансфер на пари.

Доколку сакате да пратите пари на друго лице или фирма, едноставно ќе го извадите од џеб смартфонот, ќе отворите Gmail апликација, ќе ја иницирате новата алатка, нешто подолу на екранот ќе го стиснете копчето за додавање на прилог и меѓу опциите да одберете праќање на пари. Google Wallet ќе се распраша која сума сакате да ја испратите и тука се завршува приказната.

Како што е тоа случај до PayPal, парите преку Gmail ќе можете да ги испратите и на банковни сметки, сопствени или туѓи. Услугата моментално е достапна само во САД, но наскоро би требало да биде лансирана ширум цел свет.


Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top