Научна реалност

Решени се: До 2020 ќе произведуваат кислород на Марс


Американската вселенска агенција НАСА работи на проект за вештачко производство на кислород во атмосферата на Марс, а за тоа ќе биде задолжен роботот којшто ќе биде испратен на Црвената Планета до 2020 година, пишува британски „Индепендент“.

Атмосферата на Марс содржи само 0,13 отсто кислород, додека онаа на Земјата – 21 отсто.

Научниците ќе испратат микроби, алги и бактерии, кои хранејќи се од почвата на Марс, ќе треба да создадат воздух, како подготовка пред испраќањето луѓе таму. Тоа, освен за дишење, може да послужи и како ракетно гориво за повратни летови до Земјата.

Освен тоа, НАСА планира и конструкција на магнетен штит околу планетата, како и изградба на нуклеарен реактор.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top