Актуелно

Рекордно загадување на воздухот во Македонија!


Според податоците кои ги произнесе Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеролошки работи, алармот за РМ10 честичките е вклучен. Всушност станува збор за надминување на вредноста од 200 mg/m3 во текот на два последователни денови.

Од страна на Министерството за животна средина доставена е информација за надминување на прагот на алармирање до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје, Град Скопје и Единиците за локална самоуправа каде има епизода на алармантно загадување на воздухот.

Согласно заклучоците од Нацрт – записникот од 40-та седница на Владата одржана на 28 ноември, Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Министерството за здравство се должни да:

Препорачаат на сите работодавци да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар.

Препорачаат на сите работодавци да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11 до 17 часот.

Препорачаат да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено.
Обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.

Владата треба да ги задолжи сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и на Единиците на локална самоуправа да ја намалат (до 50%) употребата на службените возила. Исто така, треба да се обезбеди ограничување на работите на градежните објекти.

Министерство за труд и социјална политика во соработка со Црвениот крст, Здравствениот дом и Единиците за локална самоуправа треба да обезбедат прифатилишта за сместување на бездомници и да им се даде поддршка на стари осамени лица преку организирани посети.

Министерството за здравство, пак, треба да ја задолжи Службата за итна медицинска помош да доставува информација до ИЈЗ за број на повици (според дијагноза/код на МКБ10, пол, возраст, место на живеење/општина), за времетраењето на епизодата на алармантно загадување на воздухот на дневна основа се до завршување на епизодата и една недела по завршувањето.

Државниот инспекторат за животна средина треба да започне со вршење на зачестена контрола на Инсталациите кои што поседуваат А – ИСКЗ дозвола, да спроведе контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуваат пропишаните услови/мерки во Дозволата по однос на емисиите во воздух.

Министерството за животна средина и просторно планирање ќе подготви и достави препорака до Инсталациите коишто поседуваат А – ИСКЗ дозвола, за намалување на капацитетот на производство (до 50 %) со што од оваа мерка ќе бидат исклучени инсталациите кои што произведуваат топлинска или електрична енергија.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top