Рекордна продажба на „Рено“: 1,9 милиони возила за 6 месеци


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Францускиот производител на автомобили „Рено“ соопшти дека продал рекордни 1,9 милиони возила во првите шест месеци од годинава.

Таквиот раст е забележан благодарение на експлозивниот раст на продажбата во азископацифичкиот регион.

„Поставивме нов рекорд од над 1,88 милиони продадени возила за шест месеци. Продажбата и пазарниот удел е зголемен кај сите наши брендови и во сите региони“, соопштил шефот за продажба и маркетинг, Тери Коскас.

Остварената продажба е за 10,4 отсто поголема во споредба со истиот период лани. Како резултат на тоа, пазарниот удел на „Рено“ е зголемен од 0,3 на 4,1 отсто.

Сите брендови на автомобилската групација „Рено“, „Дачија“, „Рено Самсунг Моторс“ и „Лада“ оствариле раст на продажбата.

Најголем скок од 50,5 отсто е забележан во азиско-пацифичкиот регион.