Рекорден пад на извозот на пиво во Германија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Извозот на пиво во Германија бележи рекорден пад, а продажбата се намалила за 2,5 отсто на 93,5 милиони хектолитри, покажуваат податоците од Сојузната канцеларија за статистика.

Изминатата година, за разлика од 2016 извозот не ја надокнадил слабата продажба на домашниот пазар. Извозот на пиво за земјите надвор од ЕУ е намален за 4,1 отсто. Здружението на германски пиварници како причина за намалувањето на извозот го наведува степенот на заситеност на кинескиот пазар. Како една од причините за намалувањето на продажбата е и стареењето на германската популација.

Од 1993 година наваму, се повеќе германско пиво се продава во странство отколку во Германија. Во тој период извозот е пораснат за 135 отсто, додека продажбата на германски пива во Германија е намалена за повеќе од една четвртина.

Претседателот на здружението на германски пиварници, Јорг Леман, е оптимист кога станува збор за резултатите за оваа година и предвидува дека Светското првенство во фудбал ќе ја зголеми консумацијата на пиво.