Актуелно

Реките со високи водостои, можно излевање


Добиените податоци од врнежите покажуваат дека најмногу дожд паднало во западните и северозапдните делови од Република Македонија и тоа 92 Лазарополе, 71 Маврово, 68 Пожаране, 65 Крушево, 52 Тетово.

Овие врнежи дополнително ги зголемија водостоите на сите реки на територијата на Република Македонија, а особено во горниот дел на р.Вардар и нејзините притоки во полошко, горниот дел на р.Треска и нејзините притоки, р.Радика и нејзините притоки, Црн Дрим и притоките, р.Сатеска и притоките, Голема Река, р.Брајчинска и останатите реки во преспанско, горниот дел на р.Црна и притоките, крушевско, битолско, прилепско и како и на други останати помали водотеци и суводолици.

Од УХМР наведуваат дека намалувањето на температурите ќе го забави топењето на снегот од горните делови на сливовите, па постепено ќе се намалува дотекот на дополнителни количини на вода во реципиентите, но сепак очекувано е во речните сливови на посочените реки и понатака да има покачување на водостоите.

Поради високите водостои на водотеците можна е појава на локални излевања кај реките во северозападните и западните делови од Република Македонија и појава на заезерени површини во рамниците.

Според информацијата од синоптичарите, претпладне е променливо облачно со повремен локален дожд, особено во јужните делови. На планините со слаб снег. До крајот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен западен, a долж Повардарието северозападен ветер.Највисоката дневна температура на воздухот ќе биде во интервалот од 8 до 15 степени.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top