Регулаторна пресече: Еве ги новите цени на горивата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар до денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката на РКЕ  се врши намалување за еден денер на  Еуросупер БС 95, Еуродизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство, а за половина денар на Еуросупер БС 98.

Малопродажната цена на Еуросупер БС 95 ќе изнесува 66 денари за литар, новата цена на Еуросупер БС 95 ќе изнесува 66 денари за литар, на Еуродизелот ќе изнесува 52,5 денари и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ 1) 41 денар  за литар. додека Еуросупер БС 98 се намалува за половина денар и ќе изнесува 68,5 денари за литар..

Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,33, односно за 1,58 отсто.