„Refugee Song“ – ново ремек дело од одличните Kultur Shock


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дружината Kultur Shock е составена од луѓе од различни култури, предводена од харизматичниот сарајлија Срѓан Џино Јевдевиќ. Оваа „тврда“ бана секогаш прецизно и точно знае да покаже со прстот кон социјалните и општествени проблеми, па така е и овој пат, со нивната нова песна „Refugee Song“, со која воедно се најавува нивниот нов, 11 албум.

„Refugee Song пее за бесмисленоста на категоризацијата на светот од типот на прв, втор и трет свет. Никој од нас не одлучува за тоа каде ќе се роди и во какво семејство ќе расте, како и што ќе се случи со неговиот живот, дали можеби ќе го натера да бара дом на некое друго место. Поради фактот дека местото на раѓање и околностите во кои се најдува човек се препуштени на случајноста, вреднувањето на луѓето не е само неинтелигентно, туку и противприродно и бесмислено. Никој не си оди од својот дом во друг свет чисто од бес или поради тоа што му е досадно. Ретки се тие кои што заминуваат во потрага по својот сон, а огромен дел од мнозинството заминуваат за едноставно да преживеат или затоа што се нашле во животна опасност“, вели Срѓан.

Во песната се пее и за левицата, која понекогаш е и соучесник во злосторствата кои ги предизвикува десната ориентација.

Видеото го режираше Дима Левенчук, режисер од Сиетл. „Refugee Song“ е една од двете песни од новата EP со наслов „Drama“, која треба да направи увертира во нивниот нов албум. Наскоро ќе излезе и вториот дел од „Drama“ под наслов „Miracula Fantastica“.