Реферндумот во Каталонија неизвесен – полицијата го заплени материјалот за гласање


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Гласањето на референдумот за независност на Каталонија почна денеска на голем број избирачки места.

На дел од нив полицијата се обидува да ги спречи луѓето да гласаат, а на одделни места се регистрирани инциденти.

Националната полиција успеа да затвори околу 15 избирачки места и да заплени материјал за гласање.

„Шпанската полиција почна со запленување гласачки кутии и изборни ливчиња за референдумот за независност на Каталонија“, соопшти Министерството за внатрешни работи на Шпанија. Тоа се случува во момент кога почна гласањето на ферендумот.

Специјалци од шпанската полиција се судрија со гласачи на неколку места во Барселона.

Демонстранти низ улиците на тој каталонски град извикуваат „ние сме луѓе на мирот“ и „не се плашиме“. На голем број места во градот се забележливи амбулантни возила.

Во Барселона каде денеска почна гласањето на референдумот за независност се рапсоредени и специјалци, објави на својата веб страна шпанскиот весник Ел Паис.

На видеото поставено на страната на медиумот се гледаат специјалци со опрема како спречуваат со сила гласачи да влезат на изборни места во школи во Барселона.

Специјалци од националната полиција се распоредени откако каталонската Влада не ги затвори гласачките места во согласност со судска наредба.