Реал во Абу Даби по одбрана на светската титула – одржан жребот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во Абу Даби денес се одржа жребот за Светското клупско првенство, па противниците ги дозна и европскиот шампион Реал Мадрид.

„Кралевите“ во полуфинале го чекаат победникот помеѓу азискиот шампион и подобриот од дуелот помеѓу домаќинот Ал Џезеира и Окланд.

Победникот на Копа Либертадорес пак во другото полуфинале го чека победникот помеѓу Пачука и шампионот на Африка.

Светското клупско првенство оваа сезона ќе се игра во Абу Даби, а започнува на 6-ти декември. Титулата ја брани европскиот шампион Реал Мадрид.