Реал тргнува по големата англиска ѕвезда!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англиските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека прва трансфер желба на Реал Мадрид е ѕвездата да на Тотенхем, Деле Али.

Деле Али неодамна ја раскина соработката со својот агент, па сега се води вистинска „војна“ меѓу агентите кои сакаат да го земат под свое раководство.

Англичанецот е на мета на најголемите европски клубови меѓу кои и Реал Мадрид, а медиумите тврдат дека токму изборот на нов агент може да биде клучен фактор за иднината на 21-годишниот играч за врска.

Деле Али има понуди и од двајцата највлијателни менаџери во светот, Жорге Мендеш и Мино Раиола, па и двајцата му нудат дека сигурен трансфер во некој европски гигант.

Англиските медиуми пренесуваат дека Раиола ќе се обиде Али да го донесе во Манчестер Јунајтед, додека Мендеш ќе го насочи кон Реал Мадрид.

Доколку се реализира тој трансфер Али ќе стане првиот Англичанец после Дејвид Бекам кој ќе игра за „кралскиот“ клуб.