Реал прифати, но Хамес одби да стане најскап фудбалер во историјата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанските и англиските медиуми откриваат дека пропаднала можноста Хамес Родригез да стане најскап фудбалер во историјата на фудбалот и воедно играч со најголема плата во светот.

Имено, кинескиот клуб Хабеи му понудил на Реал Мадрид 110 милиони евра за Хамес Родригез, а на фудбалерот неделна плата од 600.000 евра или повеќе од 30 милиони евра по сезона.

„Сан“ открива дека Реал веднаш ја прифатил понудата и можноста да заработи огромни пари за својата резерва, но Колумбиецот одби да се пресели во Кина.

Интересно е тоа што тој во моментов во Реал има годишна плата од 3,5 милиони, а одбил десет пати поголема сума од Хебеи.

Медиумите тврдат дека со ваквата одлука Хамес го навлекол гневот на раководството кое имаше шанса да заработи голема сума на пари кои ќе можеше да ги искористи за ангажман на Пауло Дибала.