Спорт

Реал прави тектонски промени: „BBC“ заминува во историја, се формира триото „NHL“


Карим Бензема, Герет Бејл и Кристиано Роналдо е напаѓачкото трио на Реал Мадрид познато под скратеницата „BBC“. Ова моќно трио беше формирано во 2013 година, до сега одигра 316 натпревари, постигна 501 гол и освои 12 титули.

Сепак, нивното време помина. Бејл е константно поврден, Бензема на удат на критичарите и навивачите, додека Роналдо е во расправија со Флорентино Перез и сака да си замине.

На крајот на сезоната се спремнаат големи промени во тимот, а претседателот Перез повторно е спремен да вложи богатство.

„Марка“, весник кој е близок до Реал Мадрид денес ги откри плановите на „кралевите“ и најави формирање на ново моќно трио.

Прва и најголема желба е Нејмар. Иако се чини невозможен тој трансфер, Бразилецот не е задоволен во Париз, а Перез нема да жали пари да го донесе во Мадрид.

Втор на листата е Еден Азар, кој одбива да го продолжи договорот со Челзи бидејќи сака да се пресели на „Сантиаго Бернабеу“.

Како замена за Бензема се споменуваат Хари Кејн и Мауро Икарди, но „Марка“ тврди дека најголемата желба на Парез е Роберт Левандовски. Полјакот неодамна јавно го критикуваше раководството на Баерн, а медиумите тврдат дека сака да ја промени средината и е спремен да се пресели во Мадрид.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top