Реал прави „атомски“ тим – доаѓаат овие тројца фудбалери!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што се ближи летниот преоден рок така медиумите се повеќе лецитираат со имиња на фудбалски ѕвезди кои би можеле да го засилат „кралскиот“ клуб за следната сезона.

Прва мета на „кралевите“ секако ќе биде Пјер Емерик Обамејанг од Борусија Дортмунд кој веќе јавно истакна дека сонува да се пресели на „Сантиаго Бернабеу“. Челниците на германскиот клуб се свесни дека нема да можат да ја задржат својата ѕвезда, па веќе ја одредија цената од 70 милиони, што за Реал нема да биде проблем.

Мадрѓаните сакаат да се засилат и на голманската позиција, а прва желба е шпанскиот репрезентативец Давид де Геа. Ѕвездата на Манчестер сака да се врати во родниот Мадрид и да го облече дресот на „кралевите“, но треба да се убедат „црвените ѓаволи“ кои нема да се откажат така лесно од него.

Исто така младиот Хесус Валјехо, играч кој е на позајмица во Ајнтрахт би можел да се врати во Реал Мадрид на лето. Овој 20-годишен дефанзивец важи за еден од најперспективните во Европа и би можел да биде замена за Пепе.