Реал Мадрид – легенда која трае 116 години!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Актуелниот европски и светски шампион Реал Мадрид денес полни 116 години!

На денешен ден ден далечната 1902 година браќата Педрос и Хулиан Палсиос го основаја клубот кој денес е симбол за големина.

„Кралевите“ имаат 33 шампионски титули во Шпанија, 19 шпански Купови и рекордни 12 титули во Лигата на шампиони. Притоа, Реал 10 пати го кренал трофејот на Суперкупот на Шпанија, двата пати УЕФА Купот и четири пати Суперкупот на Европа.

Три пати Реал Мадрид триумфираше во Меѓународниот куп и уште толку пати стана Светски клупски шампион.

Реал Мадрид е еден од првите членови на ФИФА организацијата Г14 и според многумина најголем фудбалски клуб во светот.

Денес „кралевите“ на својот роденден ќе се обидат да се пласираат во четвртфиналето од Лигата на шампиони, која ја исвојуваа изминатите две години.