Спорт

Реал го дава Ковачиќ и многу пари за ѕвездата од Премир лигата


Англиските и шпанските медиуми пренесуваат дека главна трансфер цел на Реал Мадрид следното лето ќе биде ѕвездата на Тотенхем, Деле Али.

Деле Али буквално „експлодира“ во дресот на Тотенхем и се етаблираше како еден од најдобрите играчи за врска во Премиер лигата и лидер на англиската репрезентација.

Поради тоа англиските медкиуми тврдат дека „спарси“ тешко ќе можат да го задржат во своите редови, но доколку го продадат тоа сигурно ќе биде за огромна сума пари.

Сепак, „кралевите“ имаат „џокер“ со кој ќе можат да ја победат конкуренцијата, но исто така и да ја намалат сумата на Деле Али. Станува збор за Матео Ковачиќ фудбалер за кого силен интерес покажува токму Тотенхем.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал е спремен да понуди 100 милиони евра плус Матео Ковачиќ, па останува да видиме каков ќе биде одговорот на „спарси“, бидејќи познато е дека претседателот Даниел Леви е тврд преговарач.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top