Разводот од оваа убавица го чинеше 7 милиони долари


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Актерскиот пар Џони Деп и Амбер Херд и формално му ставија крај на бурниот развод по кој Деп својата бивша сопруга ќе треба да ја искешира со седум милиони долари.

Во договорот беа вклучени бројни услови на кои се согласија и двајцата во август, кога Амбер ја повлече тужбата против Деп за насилство.

Според бракоразводните документи, Деп ќе ја задржи сопственоста над бројните недвижнини, вклучително и оние во Лос Анџелес и Париз, како и неговиот приватен остров на Бахамите. Во негова сопственост остануваат и над 40 возила.

Херд ќе ги задржи кучињата Пистол и Бу, кои беа дел од скандалот во 2015 година, кога таа се обиде да ги прокриумчари во Австралија без почитување на законските процедури. Седумте милиони долари кои Амбер ќе ги добие од Деп ќе ги донира во добротворни цели. Нивните адвокати преговараа дали Деп да ги исплати парите на сметка на Херд или да ги уплати директно во хуманитарните организации.

Деп и Херд се запознаа во 2011 година, на снимањето на филмот The Rum Diary.