Развод меѓу клановите Цаноски и Рамковски: Сефер „рипа во ново тавче“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Сефер Цаноски, синот на Фијат Цаноски, и неговата (сега веќе бивша) сопругата Лејла, ќерка на Велија Рамковски, решиле да стават крај на нивниот брачен живот.

Сефер и Лејла беа во брак речиси една деценија и имаат две деца. Веста за разводот за „Репортер“ ја потврдил Сефер.

„Пред една година се разделивме со Лејла со заеднички договор. Среќен сум што останавме во одлични односи со фамилија Рамковски. Имаме две прекрасни деца заедно и тие ни се во фокусот на вниманието“, изјавил Сефер.

Тој потврдил и дека има нова свршеница, Сезен Баш, која е Германка со турско потекло, и со која годинава планираат свадба.