Вебкафе

Разочаран од однесувањето на вработените, однесе стриптизерки во банката (видео)


Типот чиј иднетитет не е откриен, влета во една експозитура од Сбербанк, придружуван од две стриптизерки и на вработените им најави дека сака „да им покаже како треба да се однесуваат со клиентите“, бидејќи претходно бил разочаран од нивниот „студен“ однос и пристап, пренесува Daily Mail.

Пред вџашените службени лица од банката стриптизерките изведоа стриптиз танц, а една од нив дури се качи и на маса.

„Ме доведовте на работ на нервен слом. Вака треба да се однесувате со клиентите. Се надевам дека ова добро ќе го запаметите“, им рече револтираниот клиент на банкарските службеници.

Од банката потврдија дека се случил таков инцидент во една од нивните експозитури во Москва, како и дека истиот е пријавен во полиција, но одбија да го откријат идентитетот на револтираниот клиент повикувајќи се на законот за заштита на податоци.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top