Славни

Разголената актерка, „распната“ на крст, ги разгневи верниците


Германската актерка Софија Томала се појави на реклама за божиќна лотарија, повеќе соблечена отколку облечена, и распната на крст.

„Божиќ сега ќе биде поубав“, е слоганот кој ја следи рекламата, која предизвика лавина од негативни реакции меѓу верниците.

Софија, која често предизвикува расправи на социјалните мрежи со своите објави, на Инстаграм покрај фотката напиша: „Прилично голем крст за така витка жена“.

„Обично твоите провокации се во ред за мене, но оваа е невкусна. Едноставно не е во ред“, „Ова што таа го прави е страшно и насочено против човештвото. Ја напаѓаш верата на другите“ и „Немаш почит кон другите“, беа само дел од големиот број коментари кои ги доби на своја сметка Софија за оваа објава.

Од црковните кругови порачаа дека рекламата е невкусна и глупава и дека „очајно е тоа што една компанија мисли да привлече клиенти со навреда на туѓите верски чувства“.

Софија последен пат се најде во центарот на медиумското внимание надвор од родната Германија, кога на една хуманитарна вечера се појави со принцот  Хари.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top