„Разбра дека се разведува, но не планира да ја бара“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Заедно со официјалната вест дека славниот холивудски брачен пар Џенифер Анистон и Џастин Теро се разведуваат, се појавија шпекулации за евентуално смирување на познатата актерка со нејзиниот бивш сопруг, Бред Пит.

Анистон и Теро се разведуваат по 2 и пол години брак и по неколку месеци од разводот на Бред Пит и Анџелина Џоли. Како една од причините за разводот се зборува дека се пораките од нејзиниот поранешен сопруг кои таа уште ги чува.

Во врска со можното смирување на Џенифер и Бред американските медиуми го тврдат спротивното. Тие укажуваат дека тоа е скоро невозможно.

Поранешниот сопруг на Анистон кој во 2005 година ја остави за да биде со Анџелина Џоли воопшто не сака да има било што со неа. Извор близок до актерот за „Us Weekly“ тврди дека тој бил тажен што актерката се разведува, но не планирал да ја контактира.

„Секако дека беше тажен кога слушна за нејзиниот развод, но не ја контактираше ниту пак планира да ја контактира засега“, тврди изворот.

Не само што Пит не сака да има контакт со неа, туку му е многу тешко и непријатно што сега ќе биде центар на внимание, иако немал допирна точка со разводот на Џенифер.