Раул направи промена во тимот: Маркоски на местото од Филип Лазаров


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Селекторот на Македонија Раул Гонзалес ја направи и првата измена во составот. На местото на Филип Лазаров на листата на играчите за дуелот со Германија ќе биде Велко Маркоски.

Филип Лазаров има ситна повреда, а селекторот Раул најверојатно не сакајќи да ризикува во составот го „вметна“ специјалистот за одбрана.

Филип Лазаров досега беше еден од најдобрите наши поединци на Европското првенство. Тој постигна пет гола од исто толку обиди, но сите беа исклучително значајни.

Лазаров не тренираше со полн интензитет и стручниот штаб нема да ризикува, но најверојатно ќе се врати во тимот за втората фаза во Вараждин.