Раул го објави списокот за ЕХФ – го врати Прибак и го повика Цветковски


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонскиот селектор Раул Гонзалес го објави списокот на ракометарите кои ќе присуствуваат на првиот собир на репрезентацијата за ЕХФ неделата.

На 23 октомври, во хотелот „Александар Палас“ се повикани 21 ракометар, меѓу повратниците во составот е Немања Прибак, а свое деби ќе има голманот Јане Цетковски.

ЕХФ неделата ќе се искористи за формирање на тактиката на тимот, но и за старт на подготовките за Европското првенство во Хрватска во јануари.

Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски, Јане Цветковски

Крила: Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски

Бекови: Филип Талески, Филип Кузмановски, Марко Нелоски, Филип Лазаров, Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Филип Миркуловски, Немања Прибак

Пикери: Стојанче Стоилов, Никола Маркоски, Жарко Пешевски

Дефанзивци: Велко Маркоски, Аце Јоноски.