Растури со туризам откако го прогласија за најгрд град во светот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Стапката на насилство, криминал, сиромаштија и социјална депресија во овој град во ’90-те години беше на прилично високо ниво.

Белгискиот град Шарлероа во 2008 година беше прогласен за најгрдиот град на светот. Николас Буисарт, уметник и туристички водич, сметал дека откако ќе се објави статијата за овој град, луѓето кои сметаат дека овој град е најгрдиот на светот, ќе го променат своето мислење, бидејќи не се добро запознаени со Шарлероа.

Меѓутоа, откако се објави статијата, лошиот публицитет продолжи уште повеќе. Многубројни медиуми започнаа да пишуваат дека овој град е најдепресивното место во Европа, а после тоа беше прогласен и за најгрдиот град на светот.

Николас истакнал дека тие статии сепак привлекле голем број на туристи, кои лично сакале да се уверат во она што го пишуваат медиумите. За време на изминатите 10 години, Николас ги води туристите на разгледување низ градот, а најмногу ги посетуваат помалку познатите места.

Сепак, овој град после неколку години и лоши зборови, доживеа преродување, откако властите одлучиле да го средат. Нивната цел била да направат пријатно место за туристите и за жителте.

Од градот на духовите, како што домашното население го опишува, ова е градот кој успешно се развива и кој ќе продолжи со истата работа во наредните 10 години.