Рапсодија на високите шлицови: Секси компилација од дамите кои покажаа премногу


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Три различни дами на три различни случувања направија храбар моден избор кој вклучуваше високи засеци на свечените тоалети, и докажаа дека знаат како да се носат со ваквиот ризичен моден детал.

„Плус-сајз“ моделот Ешли Греам, облечен црн фустан кој одлично лежеше на нејзината фигура. Но, не и совршено. Додека горниот дел откриваше доволно за да биде и пристојно и провокативно, значи не премногу, долниот дел беше приказна за себе. Засекот беше толку висок што ги покажуваше највисоките делови од бедрата на бујната манекенка.

Хајди Клум е нешто поискусна за овие работи. Згодната Германка ги истакна своите долги нозе во интересен модар дизајн. Нејзиното издание не беше вулгарно, но, сепак, стратешкото место меѓу нозете го прекриваше (колку што може) со рацете за фотографите да не фатат нешто отфазла.

Најопасна беше Халси. Младата пејачка облече црн фустан со претерано висок шлиц, па меѓуножјето едноставно беше истакнато „на тацна“. Не дека не се бореше да го прикрие тоа, се обидуваше да се намести, но тоа испадна мачна и тешка работа. Кога немаш доволно материјал, тоа е.