Раниери за отказот: Никогаш не сум доживеал таков шок!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поранешниот менаџер на Лестер, Клаудио Раниери ја даде првата изјава по отказот кој му го врачи клубот.

Раниери, кој со Лестер ја освои Премиерлигата и приреди една од најголемите сензации во историјата на модерниот фудбал, не го крие разочарувањето од начинот на кој замина од клупата на „лисиците“.

„Кога размислувам за Лестер прво што ми поминува низ главата е изненадување, многу повеќе отколку огорченост. Многу пати во кариерата ми се случувале вакви работи, но никогаш не сум доживеал нешто слично на ова. Тоа беше шок, но тоа е дел од фудбалот“, изјави Раниери.

На прашањето што мисли за подемот на формата на фудбалерите на Лестер, која дојде веднаш по неговото заминување, тој не сакал да одговори.

„Англискиот Скај Спорт ме покани да коментирам натпревар на 10-ти април, и дотогаш нема да давам изјави на оваа тема. Ова започна во Англија и сметам дека таму треба и да остане“, додаде искусниот тренер.

За потсетување фудбалерите на Лестер по заминувањето на Раниери забележаа три победи во низа и ја елиминираа Севиља во осминафиналето во Лигата на шампионите.