Ранет во ногата: Непознати лица пукале врз Здравко Мамиќ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Здравко Мамиќ, советникот на хрватскиот фудбалски клуб Динамо Загреб е ранет во ногата, јавуваат хрватските медиуми. Веста ја потврдил и неговиот адвокат Иван Станиќ.

Во контроверзниот фудбалски менаџер од Хрватска пукале двајца кои за полицијата се уште се непознати за време кога тој бил на погреб во Томиславград.

Мамиќ веднаш бил пренесен во болницата во Томиславград и е во стабилна состојба.

Фудбалскиот клуб Динамо Загреб соопшти дека наскоро ќе објави повеќе детали за инцидентот со Здравко Мамиќ.