Славни

„Pussycat Dolls беше само параван за проституција, моравме да се сексаме со кој ќе ни кажеа“


Бившата пејачка од женскиот бенд Pussycat Dolls тврди дека групата била само параван за проституција.

33-годишната Каја Џонс од Торонто тврди дека групата е идеја на сексуални предатори кои само сакале да заработат пари и да ги намамат во својот круг младите пејачки. Таа изјави дека девојките од бендот биле „психички скршени“ после злоупотребите кои ги преживеале.

„Ова е мојата вистина. Не бев во женска пејачка група, туку во круг на проституција. Попатно бевме славни и пеевме. Додека оние кои не држеа во рака заработуваа од нас. Колку беше грозно? Толку грозно што се откажав од своите соништа, ги напуштив девојките од бендот и се откажав од договорот вреден 13 милиони долари“, напиша Каја.

„Би сакала чуварките на пеколот да кажат зошто се самоуби уште една девојка од бендот. Кажете пред јавноста како психички не скршивте“, додаде таа.

Таа, исто така, додаде дека девојките морале да спијат со мажи по наредба, а неретко биле навлекувани на дрога за полесно да манипулираат со нив.

„Зошто не го пријавивме тоа? Мене ме предупредија дека ќе завршам мртва или ќе останам без работа. Но, дали има разлика меѓу тоа да ве убијат и да ви ги убијат соништата. Тинејџерите ги праќаат во затвор за многу помалку од ова, но дали тоа ќе го направат и со Холивуд?“, прашува Џонс.

Основачката на Pussycat Dolls, Робин Антин, обвинувањата од Каја ги отфрли како „одвратни, смешни лаги“, и за The Blast изјави дека Каја само ги бара своите 15 минути слава. Додаде дека Каја никогаш не била дел од групата, туку една од девојките на пробите кои не се покажала.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top