Пушењето станува скапа занимација: Еве каде во Европа се најскапи цигарите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Асоцијација на производители на тутун (TMA) во годишниот извештај за лани наведува дека цената на кутија цигари во рамките на земјите од ЕУ се движела од 70 до 700 денари.

Во извештајот земјите се рангирани врз основа на висината на цената. Во правата група спаѓаат земјите во кои цената е пониска од 1.99 фунти; во втората, во кои цената е помеѓу 2 и 3.99 фунти; во третата,со цена меѓу 4 и 5.99 фунти; и во четвртата група земји во кои цената на цигарите е поголема од 6 фунти.

Најскапи цигари има во Норвешка каде што кутија цигари изнесува 694 денари. Следат Велика Британија со 680 денари и Ирска со 606 денари.

Зад нив се:  Франција (404 денари), Холандија (381 денари), Белгија (365 денари), Данска (340 денари), Германија (336 денари) и Луксембург и Франција (300 денари во двете земји).

Во третата група спаѓаат земјите во кои кутија цигари чини од 145 денари до 218 денари. Во оваа група се Португалија, Шпанија, Чешка, Полска, Естонија, Австрија, Словачка, Унгарија, Хрватска, Словенија, Романија, Бугарија, Грција и Турција.

Русија спаѓа во земјите каде што цената на кутија цигари е под две фунти. Во овааземја кутија цигари чини 82 денари , а во  Украина цената изнесува 46 денари.

Во Македонија пак просечна цена на кутија цигари изнесува околу едно евро, односно 60 денари.