Живот

Психолог до добрите луѓе: Не сте во депресија, само сте опкружени со будали!


Д-р Елвира Алета, психолог и авторка на порталот Explorewhatsnext, има едноставна порака за сите кои се загрижени дека страдаат од депресија: „Не грижете се, не е до вас“.

 

„Пред себеси да си поставите дијагноза дека имате депресија или дека имате низок степен на самодоверба, прво погрижете се во никој случај да не сте опкружени со будали“, вели чичко Сигмунд Фројд.

Многумина ќе се поистоветат со оваа реченица. Ќе размислат за своите искуства. Колку пати туѓото однесување влијаело на тоа како ќе се чувствувате вие? Колку пати сте морале да раскинете врска или да се откажете од пријателство затоа што тој однос бил штетен за вашата самодоверба?

Ако имате луѓе во вашиот живот кои се вклопуваат со овие топ три карактеристики, проблемот можеби не е до вашата самодоверба или депресија.

1. Будалите (во пејоративна смисла на зборот) се среќни во својата глупавост

И под глупавост не се мисли на тоа дека не се интелигентни. Никој ме е цело време паметен и никој не знае сè цело време. Тргнете од себеси – кога нешто за било што не знаете, за почеток си го признавате тоа. А што е уште поважно, не држете лекции на другите за тема за која ништо не знаете. Но, тоа не ги спречува будалите да се чаламат со своето „знаење“. Будалата е намерно тупав, глупав и среќен во тоа.

2. Будалите се гласни и галамџии

Може ли будала да биде тивок и срамежлив? Можеби, но тешко дека ќе се сетите на некој таков. Повеќето будали не се заинтересирани за разговор во кој тие слушаат и зборуваат. Тие држат монолози, викаат, ви упаѓаат во збор, без да сфатат дека тоа воопшто го прават. Или можеби тоа го прават за да заплашат. Секако, не е добро за вас.

3. Будалите се себични насилници

Свртени се кон себеси. Најмалку мислат, чувствуваат и придонесуваат за другите, во исто време пумпајќи го своето его и чувство дека вредат повеќе.

Зошто будалите прават да се чувствуваме депресивно?

Ако сте постојано исложени на влијание од будали, тие можат да влијаат врз вашата самодоверба. Родителите не учеле да бидеме љубезни и добри, да слушаме и да ги почитуваме другите. Истото тоа го очекуваме и од другите. Да го почитуваме туѓото мислење, дури и кога не се согласуваме со истото. Добрите луѓе не се лутат брзи и имаат тенденција да ги нагласуваат позитивните карактеристики од другите.

Однесувањето на будалите не прави да се чувствуваме глупаво затоа што сме добри. Кога таа личност често ја гледаме, со време нашата самодоверба се нарушува, се чувствуваме безнадежно, уморно, тажно и депресивно. Хроничната емотивна злоупотреба навистина може да доведе до депресија како дијагноза.

Што можете да направите за себеси?

Бидете искрени кон себеси. Кога еднаш реално ќе ја согледате ситуацијата, ќе ви биде полесно да си ја вратите самодовербата. Поминувајте што помалку време со такви „негативни“ за вас личности. Ако сте во иста канцеларија, барајте преместување. Грижете се малку повеќе за себеси. Поминувајте повеќе време со оние лица кои прават да се чувствувате убаво и добро. Тоа може да биде дури и вашиот домашен миленик.

Сега кога знаете како да ги препознаете будалите кога ќе ги видите, време е да се извлечете од депресијата и тагата, да почнете да живеете ослободени од овие токсични луѓе.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top