Првите негативни резултати од зголемувањето на минималната плата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ако Владата итно не донесе решение за замрзнување на придонесите што газдите ги плаќаат за текстилните работници, дел од претпријатијата ќе мора да отпуштаат работници. Причина е притисокот што минималната плата го направи, па не се во состојба да ги покачат и платите на останатите вработени, односно за оние попродуктивните и кои имаат поодговорна работа. Дел од стопанствениците велат дека еден минималец заедно со придонесите, месечно ги чини претпријатијата над 17 илјади денари што е за речиси сто евра повеќе од истите работници во регионот.

Претседателката на кластерот текстил Марјана Перковска, вели дека во соседна Бугарија вкупната бруто плата по вработен изнесува 200 евра. За да го издржат притисокот, дел од помалите претпријатија веќе почналае да се задолжуваат со кредити за да може да исплатат плати. Поголемите пак почнале да размислуваат да ја зголемат цената на производите, но се плашат дека со таквиот чекор лесно може да ги изгубат нарачките.

„Не верувам дека странските купувачи ќе го апсорбираат тоа покачување. Најверојатно ќе има одлив. Во моментов Косово и Босна и Херцеговина со големи чекори одат кон поддршка и развоја на оваа гранка. Така што, сметам дека воопшто немаме време да го оставиме ова стихијно да се решава.” – вели Марјана Перковска – претседател на Кластер Текстил

Текстилците велат дека дел од домашните текстилни фабрики треба да покачат плата дури на две третини од вработените заради што и ја бараат владината помош. Тие велат дека оваа поддршка им е потребна во рок од три години, со што паралелно сопствениците на овие претпријатија ќе бараат начин за зголелмување на продуктивноста на текстилците. И од Владата велат дека бараат решение.

„Размислуваме и во моментов сме во процес на анализа дали на некои претпријатија, можеби во рурални подрачја, би требало дополнително да се помогне.“ – рече Драган Тевдовски – министер за финансии

Во овој сектор работат околу 36 илјади работници.

Извор: АлсатМ