Првиот работен ден за 2017 носи промена на времето


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Со првиот работен ден годинава почнува и промена на времето, за почеток во поблага форма.

Утрото ќе започне со ведро време, ама денот овој пат по утрото нема да се познава. Во северните и западните краишта уште претпладне ќе се наоблачува прилично бргу, додека овој процес најспоро ќе оди во југоисточниот крај, каде дури попладне ќе се наоблачи.

Од оваа облачност рано попладне ќе почнат врнежи во западниот крај, но истите слабо ќе се интензивираат приквечер. Ќе врне снег на повисоките места, и нормално на планните, додека снег, мешан со дожд очекуваме во Полог, Пелагонија, кичевскиот и демирхисарскиот крај.

Наутро минималнате температура ќе биде слична со онаа на од понеделник, односно помеѓу минус 5 степени и минус 10 степени Целзиусови.

Максималната температура ќе има вредности помеѓу 3 степени и 6 степени, а во поширокиот крај околу Гевгелија и Дојран околу 9 степени.

Скопскиот крај го очекува ведро утро, но со тенденција на брзо наоблачување уште рано претпладне. Приквечер има шанса за слаби врнежи од снег во повискоките краеви на скопската котлина, но и мала веројатност да провее по некоја снегулка и во самиот град. Минималната температура ќе се спушти до околу минус 10 Целзиусови, додека максималната температура ќе достигне вредност околу 5 Целзиусови.