Прва бензиска на територија на Вевчани, 127 објект на Макпетрол во Македонија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вевчани ја доби првата бензиска станица на своја територија. „Макпетрол“ го пушти во употреба нивниот најнов објект со површина од околу 8.000 метри квадратни, лоциран на магистралниот пат од Струга за Дебар.

Во новата бензинска станица се инвестирани 120 милиони денари и се отворени девет работни места. Објектот е изграден по највисоките технички и безбедносни стандарди.

„На потрошувачите ќе им понудиме широка палета на производи, квалитетни бензини и дизел горива, како и авто ТНГ гориво, а во план е и проширување на понудата со изведба на метанска инсталација“, изјави Љупчо Георгиевски, директор за малопродажба на „Макпетрол“.

„Макпетрол“ е најголемиот дистрибутер на горива во нашата земја. Основана пред 70 години, оваа домашна компанија денеска има 127 бензински станици низ цела Македонија и вкупно 1.800 вработени.