Славни

Прв пат заедно: Сестрите Хадид голи за британски Vogue


Атрактивните сестри Џиџи и Бела Хадид ја красат мартовската насловна страна од британското издание на престижното списание Vogue.

A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid) on

A post shared by 🦋 (@bellahadid) on

Бела и Џиџи добија по една насловна страна на која позираат во идентичен фустан од брендот Versace. Сепак, вниаменито на јавноста го освои фотката на Стивен Мејзел, на која сестрите позираат целосно голи, со испреплетени нозе.

A post shared by British Vogue (@britishvogue) on

„Језиво“, „Чудно“ и „Вознемирувачки“ беа само три од мноштвото коментари на социјалните мрежи, а на фановите не им се протна ниту непрепознатливото лице на Бела, поради што многумина го обвинија Vogue за претерано фотошопирање.

„Се обидувам да ја препознаам Бела, но не успевам. Изгледа сосема поразлично. Очигледно е дека нејзиното лице е многу фотошопирано“, беше еден од коментарите.

Инаку, ова е прв пат сестрите Хадид да позираат заедно.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top