Прв пат во историјата: Дизелашите и бензинците се малцинство во оваа земја


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Благодарение на систематската посветеност на властите, присуството на електрифицирани автомобил на пазарот за нови автомобили во претходната година надмина 50 насто во оваа земја, со што е остварен успех кој ќе биде запишан во автомобилската историја.

Ова е прв пат во историјата да се продадат помалку автомобили со моторен погон на исклучиво фосилни горива. Имено, учеството на електрифицирани автомобли, поточно електрични и хибридни автомобили, во текот на 2017 година на норвешкиот пазар на автомобили изнесуваше дури 52 насто.

Со тоа, продажбата во однос на, ионака одличната, 2016 година скокна за 12 насто, а Норвешка се позиционираше како предводник во настојувањето да ја намали емисијата на штетни гасови, пренесува Ројтерс.

Ако се одземат хибридите со мал електромотор кои не можат да се полнат на струја од надворешен извор, присуството на електрични автомобили и понатаму е високи 39 насто. Чисто за споредба, второпласираната Холандија има учество на овие автомобили од само 6,4 насто.

Норвешката влада минатат година изнесе план според кој до 2025 година на пазарот ќе бидат достапни исклучиво возила со нула емисија на штетни гасови. Треба да кажеме дека присуството на таквите возила на норвешкиот пазар моментално е 21 насто, па во наредните седум години се очекуваат понатамошни потези на владата.

Купувачите на електрични автомобили во Норвешка уживаат голем број бенефиции, почнувајќи од помали даноци, па сè до бесплатен паркинг, бесплатно полнење и ослободување од плаќањето патарина.

Најпродаваниот е-Golf се продава по цена од 27.100 евра, што е речиси увозна цена на автомобилот. Истовремено, бензинскиот Golf има основна цена од 18.600 евра, а сосе сите давачки достигнува цена од околу 30.800 евра.