Проститутки откриваат како изгледал нивниот прв пат со клиент


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ескорт дамите и проститутките, но и мажите кои се бават со најстариот занает, одлучиле на онлајн форумите да проговорат за своите сексуални професионални искуства.

Како што велат, и меѓу жените и меѓу мажите се шират бројни предрасуди за тоа како навистина изгледа нивниот живот. Поради тоа, сакаат на остатокот од светот да му покажат дека и тие се само луѓе.

На форумите тие споделија сведоштва за нивните први искуства во светот на проституцијата, а некои од нив откриваат искуства кои се со префикс „18+“.

„Беше млад дечко, љубител на Dungeons&Dragons и топ кој игра Magic. Препознав кој бенд свири на неговиот музички систем, а тоа го изненади, бидејќи слушаше метал. Убаво си поразговаравме, сè беше природно. Ме потсети на моите пријатели од факултет. Беше многу љубезен и ме измасира. Не е некоја приказна, но ми беше супер што првиот пат испадна така“.

„Бев ескорт пред 20 години. Не се сеќавам на првиот клиент, бидејќи повеќето од нив не се за паметење. Го прашувате клиентот што сака, договарате цена, тој се тушира, завршувате работа, тој се заблагодарува и си оди“.

„Се најдов со него во кафуле, тоа секогаш го правма кога запознавма клиент за прв пат, бидејќи сум нервозна поради средбите со постари ликови кои сум ги запознала на интернет. ВО тоа време немав многу позитивни рецензии на сајтот, а не знаев како функционира индусртијата, па мислев дека мажите се надеваат на евтин секс. Има и многу типови кои се палат на тоа да се први клиенти, што е одвратно, но е реалност. Многу им е мило ако сме нервозни или не знаеме што да правиме. Значи, првиот клиент го запознав во кафуле, беше згоден и заклучив дека можеме да одиме во хотел. Најголем дел од времето ме галеше и стенкаше. Беше чудно, но не и ужасно. Подоцна ги видов парите в рака и не можев да верувам дека беше толку лесно. Во тој момент се навлеков на тоа“.

„Бев проститутка од огласник, а мојот прв клиент сакаше да гледа како девојката се пресоблекува во соблекувална. Отидовме во бутик за палта, но тие не дозволуваа лица со различен пол да користат иста кабина. Наместо тоа, отидовме на паркингот од другата страна на улицата“.

„Беше многу стар…Тоа сеќавање ме прогонува“.

„Беше средовечен тип, а во тоа време мојот дечко почина и немав каде да живеам. Знаев девојка која знае девојка која се занимава со ескорт услуги и така почнав. Ми требаа пари, а проституцијата беше начин да дојдам до нив. После шест недели во хотел, успеав да најдам стан, а после шест месеци си најдов и вистинска работа. И понатаму сакам да заработувам екстра пари од страна, но веќе некое време не се занимавам со ескорт“.

„Почнав да го работам ова во периодот кога работев како келнер во хотел на плажа. Нашите униформи беа тесни панталони и маичка. Стопирав до дома кога запре постар тип и ми понуди 40 долари. Тоа беа лесни пари, а јас сакам такви пари“.

„Се обидов да бидам спонзоруша кога не можев да најдам работа. Прво, беше многу мил. Се согласив да испиеме по некоја пијачка која тој ја плати и отидовме во неговиот стан, иако никогаш дотогаш се немавме видено, што беше глупаво. За среќа, не ми стави ништо во пијалокот. Само сакаше да разговара со мене. Бев девица и ми плати 2.000 долари, бидејќи тој податок го палеше. Ме болеше малку, но се запив, па не чувствував премногу. Се чувствував валкано после тоа, но не можев да ги игнорирам парите. После тоа се најдовме уште неколку пати, но тогаш прекинав бидејќи ми стана премногу тешко“.

„Објавував огласи на огласник една или две години, додека студирав. Мојот прв клиент беше средовечен Азијат, малку полничок, но не беше грд. Се сретнавме во евтин хотел кој тој го плати, малку поразговаравме, имавме секс што не траеше повеќе од пет минути. Добив 200 долари. Не жалам за ништо“.

„Бев млада и на улица, тој беше постар тип и еден од најнепривлечните луѓе кои сум ги запознала. Сексот беше никаков бидејќи не можеше да одржи ерекција. Подоцна сакаше пак да се најдеме, но го одбив“.

„Бев препплашена, се вкочанив. Тој беше мил и не ми правеше проблем околу тоа. Навистина беше убаво што тој ми беше прв клиент“.

„Јас сум аматерски порно актер и режисер, а едно време бев и машка проститутка. Со оглед на тоа дека сум маж, тоа беше необично. Со првиот клиент се најдов на состанок за запознавање, за кој ми плати 75 долари и ручек. Јасно му дадов до знаење дека не доаѓа во предвид секс на првиот состанок. На третиот или четвртиот состанок почна да се жали дека соседите сакаат да го заебат бидејќи има дрога во станот. Никогаш повеќе не се најдовме“.

„Моите онлајн клиенти беа одлични, ако мислевте дека тие се катастрофа, но вистината е дека полоши се луѓето со кои се гледате секој ден“.