Пропуст или намерна „слабост“ кај новиот Nokia 3310 поради која е неупотреблив во многу земји


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


После воодушевувањето поради враќањето на легеднарниот модел Nokia 3310, многумина кои планираа да го купат истиот може да се разочараат.

Иако оваа верзија, во однос на оригиналот, е далеку подобрена, и понатам ќе комуницира со мрежите користејќи стара 2G технологија која во многу побогати земји во светот е веќе застарена и е надвор од употреба.

Ситуацијата е следна, ако некој купи Nokia 3310, на пример, во Европа, но живее на другиот крај од светот, или отпатува во некоја далечна земја, можно е да има неупотреблив телефон кој не би можел да се поврзе на тамошната мрежа.

Канада, Австралија, Швајцарија, САД и Тајван досега ги исклучија повеќето од своите 2G мрежи или планираат да го направат тоа во скоро време, а во тој правец се движат и други земји.