Пропаднаа преговорите со кредиторите, соседна Атина пред криза


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Грција не успеа да склучи договор со кредиторите за исплата на нова транша од пакетот за финансиска помош, бидејќи пропаднаа преговорите со министрите за финансии од еврозоната.

Шефот на еврогрупата Јарен Дијселблом кажа дека постои несогласување меѓу она што може да се направи и она што некои очекуваат дека треба да се направи, пренесува ВВС.

Тој додаде дека двете страни, и покрај несогласувањата, се многу блиску до договор.

Потребно е да се заврши уште работа за ситуацијата да се разјасни за финансиските пазари и за грчкиот народ да сфати што може да очекува на крајот на програмата во смисла на намалување на долгот, изјави грчкиот министер за финансии Еуклид Цакатолос.

Се очекува неформалните разговори да бидат продолжени пред средбата на министрите за финансии на еврозоната на 15 јуни во Брисел, кога треба да биде донесена одлуката за тоа дали Атина ќе добие нов заем од 7,5 милијарди евра и намалување на надворешниот долг.

Овие пари се многу важни за Грција бидејќи во јули доспеваат одредени долгови.

Меѓународните кредитори инсистираат Атина да усвои серија економски реформи во замена за продолжување на исплатата на помошта.