Пропадна трансферот: Ништо од големото засилување на Јувентус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Патрик Шик требаше да биде првото големо засилување на Јувентус за следната сезона, завршени беа сите детали од трансферот, младиот напаѓач беше на лекарски прегледи, се очекуваше само слика со дресот и официјализација, но тоа најверојатно нема да се случи.

Шик лекарските прегледи ги изврши на 23-ти јуни додека траеше ЕП за млади. Младиот Чех ги помина лекарските прегледи во Торино, но 20 дена покасно сеуште нема официјализација на трансферот.

Италијанските медиуми синоќа објавија дека трансферот на Шик во Јувентис е пред пропаѓање. Сеуште не е јасна вистинската причина, но во медиумите се вратат две теории.

Шик во договорот со Сампдорија имаше откупна клаузула од 25 милиони евра, но „старата дама“ се согледи да плати 30 милиони за неговиот потпис, со цел да ја победи конкуренцијата од Интер и Тотенхем.

Најверојатно сега „бјанконерите“ сакаат да ги променат условите во договорот, но Сампдорија веќе има потпишан документ од договорот и е спремна на судска разврска со Јувентус.

Другата теорија е дека Шик не ги помимал лекарските прегледи. Напаѓачот околу 8 часа беше во клиника во Торино, но италијанскиот клуб никогаш не потврди дали прегледите се успешно поминати.

Останува да видиме како ќе се заврши целата „сапуница“, но медиумите тврдат дека трансферот е пред пропаѓање.