Пронајдено решение: Еве како и понатаму да ги симнувате сликите од Гугл!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Како што вчера напишавме, Гугл од резултатите на пребарување го отстрани копчето за преглед на сликите, View Image.

Тоа се јавува како последица на потпишувањето на договор со агенција за фотографии која неодамна го тужеше Гугул бидејќи корисниците доаѓаат до фотографиите без да ја посетат страната.

Корисниците збеснаа, а оваа измена некои ги натера и да го променат пребарувачот.

Имено, копчето View Image може да се врати со помош на екстензијата за пребарувачот Chrome која се вика View image. Функционира исто како и претходно, а досега има скоро 40.000 корисници. Ако сте верни на Мозилата, тогаш постои екстензија со слично име и за тој пребарувач.