Актуелно

Променливо облачно со дожд и ветар


Денес во Македонија ќе имаме променливо облачно време со повремен дожд. Врнежите ќе почнат од запад, а послаби врнежи ќе има на исток и во централните делови. Повремено ќе дува засилен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од нула до седум степени, а дневната од шест до 16 степени.

Во Скопје слично време со утринска температура до еден степен и дневна до 13 степени.

Поинтензивни врнежите ќе бидат во сабота кога ќе има засилен, на моменти силен југозападен ветер со брзина и над 80км/ч. Локално ќе има услови за појава на пороен дожд и ретки грмежи, особено во западните подрачја. На повисоките планини ќе има врнежи од снег. Повремени врнежи се можни и во недела претпладне кога на повисоките места на североисток ќе поминуваат во слаб снег. Од понеделник се очекува преодно стабилизирање на времето.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top